Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Криенс и Металург (ЛИНК)

Ракометарите на Металург вечерва со почеток во 18:45 часот ќе го одиграат реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на Европа.

Ривал е швајцарскиот Криенс Луцерн, кој на првиот дуел во Скопје беше совладан со два гола разлика, 26-24.

Тимот од Автокоманда ќе настапи со најсилниот ростер, а и домаќинот ќе ги има на располагање најдобрите ракометари, меѓу кои и екс членот на Металург, Јануш Лапајне.

Натпреварот може да го гледате на следниот ЛИНК (ќе биде потребно само да се регистрирате на сајтот со брза и едноставна постапка и потоа може да ги гледате сите натпревари).