Вујовиќ: Вардар е пример како се бори со сите проблеми

Поранешниот ракометар на Вардар, Стеван Вујовиќ одигра добра средба и постигна 12 гола. Сепак, тој не можеше сам против „црвено-црните“, па на крајот мораше со своите колеги да си замине од Скопје со пораз.

„Би му се заблагодарил на Вардар за гостопримството. Дојдовме во подмладен состав на оваа средба, а и ние и Вардар пробавме некои тактички варијанти. Се растрчавме доста и покажавме што можеме на теренот. Без разлика на составот со кој и да бевме на овој дуел немаше да биде лесно. Вардар е пример како се бори со сите проблеми. Честитки за Вардар, а ние имаме наши обврски и во СЕХА и во Лигата на шампионите“, коментираше Вујовиќ.

Тренерот кој го водеше Мотор Запорожјена оваа средба, Јевхен Будко, мораше да го замени својот колега кој не беше пријавен во СЕХА за да може да седи на клупата имаше краток кометар за играта.

„Не дојдовме со прв состав туку со помлади ракометари. Тие би можеле да покажат повеќе, но одиграа на едно солидно ниво. Одигравме слабо во одбраната каде што може подобро. Ќе мораме тоа да го поправиме. Вардар покажа многу подобра игра и имаше подобра реализација“, рече Будко.

И Мотор Запорожје го чека тешка средба во Лигата на шампионите бидејќи следниот викенд ќе гостува во Франција кај тимот на Монпелје од кој загуби минатиот викенд.