Во Велење се гледа само Лига на шампиони, слаб интерес за Купот на ЕХФ (ФОТО)

Екипата на Металург денеска игра натпревар од 3. коло од Купот на ЕХФ, а ова е првиот дуел од двомечот кој ќе биде одигран против Горење. Целта е да се обезбеди севкупен триумф кој ќе значи и пласман во групната фаза.

Со оглед на тоа што Горење е клуб со голема традиција зад себе и со настапи и во Лигата на шампионите и во СЕХА се очекуваше да има многу повеќе публика на трибините, но очигледно заинтересираноста повеќе не е на нивото од претходните години.

Кризата во која се наоѓа клубот очигледно си го стори своето, па трибините се полупразни. Едвај 300-400 љубители на ракометот на двете трибини што значи дека тимот од Велење вечерва нема да има преголема поддршка на двобојот со Металург.