Веспрем има „џокер во ракавот“ за Вардар

Тимот на Вардар го очекува натпреварот од деветтото коло во Лигата на шампионите против Мешков Брест, а годината ќе ја заврши на домашен терен против унгарскиот гигант Веспрем.

Како одминува сезоната, така Веспрем игра се подобро, па избраниците на Давид Дејвис по поразот од Еурофарм Работник во СЕХА, остварија 11 победи на 12 меча во сите конкуренции.

На дуелот со Металопластика, во ростерот на Веспрем се врати десниот бек Павел Пачковски, кој паузира уште од март оваа година.

Тој е позајмен ракометар од Келце во унгарскиот тим, а во првиот меч по камбекот постигна еден погодок. За дуелот против Вардар во составот на Веспрем ќе биде и Кентан Мае.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра на 1 декември од 17:00 часот.