Вардарки до врв ја наполнија мрежата на ЖРК Алушовски

Ракометарките на Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната на третото место на табелата во Женската лига, и со висок триумф над дебитантот ЖРК Алушовски. „Црвено-црните“ победија со 55-25 (24-14) што беше меч со најмногу постигнати голови сезонава.

Од самиот почеток на натпреварот вардарки поведоа и немаше никаков проблем ниту неизвесност околу исходот на натпреварот. На половина од првото полувреме веќе имаа и двојна предност, 14-7, а пред самиот крај на првиот дел и плус 11 за водство 23-12 и 24-13.

Второто полувреме беше чиста формалност. Ива Јаковчевска и Ивона Трпевска беа најдобри стрелци во победничкиот тим со по осум погодоци, a Ана Николовска се истакна кај гостинките со шест голови.