Вардар против екс-Вардар во Веспрем арена во Унгарија

Двобојот меѓу Веспрем и Вардар предвиден за денеска од 17 часот ќе биде практично двобој на Вардар против дури шест поранешни членови на клубот.

За екипата на Веспрем настапуваат Дејан Манасков, Арпад Штербик, Вуко Борозан и Рожерио Мораеш. Тие заминуваа од Вардар во различен период, но учествуваа во голем дел од успеси.

Штербик и Борозан беа дел од првата круна во Лигата на шампионите, додека Мораеш учествуваше во битката за двете титули во Келн.

Тренерот Давид Дејвис во 2017 година му беше асистент на Раул Гонзалес кога Вардар во своето прво финале дојде до првата победа и до трофејот. Тој во јуни го загуби финалето против Вардар со Парондо, па денеска сака реванш.

Во Веспрем е и Марија Лојаница, која беше кондициски тренер во редовите на Вардар. Годинава физичката подготовка на ракометарите на Веспрем е нејзина задача. Таа беше дел од Вардар во трите учества на Ф4, а беше и дел од женската екипа на „црвено-црните“.