Вардар Неготино ја продолжи победничката серија, на чекор е до плеј-оф

Ракометарите на Вардар Неготино продолжуваат со одличните игри и после триумфот минатото коло над лидерот Астраион го совладаа и составот на РК Алушовски. Пред своите гледачи неготинци славеа со 37:34.

Во ефикасна игра домашната екипа многу рано започна да состава предност, но гостите не дозволуваа поголемо резултатско одлепување. Највисоката предност за Вардар Неготино во првиот дел беше четири гола, а на полувреме се отиде со 20:17.

Во вториот дел натпреварот се одвиваше многу слично на првото полувреме, водството постојано беше на страна на тимот од Неготино. Ракометарите на РК Алушовски не успеаја да намалат под три негатива и на крајот мораа да се помират со пораз.

Предводник на победата на Вардар Неготино беше Драган Кузманов со 11 гола, а седум постигна Ратко Велјанов. Во тимот на РК Алушовски со 12 гола најефикасен беше Павле Атанасиевиќ.

ВАРДАР НЕГОТИНО – РК АЛУШОВСКИ 37:34 (20:17)

Сала: Гимназија во Неготино. Гледачи: 300. Судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола. Делегат: Јанкуловски Саше од Битола.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Ташев 6, Трпески, Кузманов 11, Ивановски, Орешков, Трајковски, Митевски 6, Ристов 4, Петров, Недев, Ѓорѓев 3, Најдов, Трпески, Јефремов, Велјанов 7.

Седмерци: 3/3. Исклучувања: 14 мин.

РК АЛУШОВСКИ: Павловски, Деспотовски 2, Атанасиевиќ 12, Донев 3, Мартиновски 1, Ивановски, Крстевски, Рачевски, Стеријев 3, Андоновски 3, П.Атанасиевиќ 6, Хазри 3.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 8 мин.