Бутел Скопје го совлада Вардар јуниор, но едно полувреме домашните се потеа

Екипата на Бутел Скопје дојде до нова победа, но ракометарите мораа добро да се испотат бидејќи имаа добар ривал во некомплетниот Вардар јуниор. На крајот беше 28:20, но особено интересни беа првите 30 минути кои завршија со резултат 13:12.

Младите вардарци иако беа без Кизиќ, Кукуловски, Ќосевски и Карапалевски имаа добро отворање на средбата. Во 7. минута имаа предност од 5:1 и ова беше убава најава за натпреварот. Сепак, како одминуваше времето стануваше јасно дека составот на Бутел Скопје ќе ја преземе контролата.

После 1:1 на отворањето на средбата дојде до второ израмнување при 7:7, а малку потоа и до целосен пресврт. Сепак, тимот на Бутел Скопје полека дојде до контрола на резултатот и успеа да се избори за водство на одмор од 13:12.

Во вториот дел веќе гостите не можеа да следат. Домашниот тим рано успеа да направи висока предност. Уште на почетокот на второто полувреме се дојде до 18:12 и тука само се чуваше водството. Гостите без доволно силна ротација не можеа да го покажат она што го покажуваат кога се комплетни, па на крајот бодовите останаа во Бутел.

Тимот на Бутел Скопје славеше со 28:20 и на тој начин се избори за нова победа со останува во ритам и само потврдува дека и сезонава ќе игра во плеј-офот.

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР ЈУНИОР          28:20 (13:12)

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Драган Начевски од Скопје.

БУТЕЛ СКОПЈЕ: Даскалоски, Блажески, Ацев, Димов 2, Трајковски 11, Стојановски 2, Ѓеоргиевски 2, Божиноски 12, Шокоски, Димовски, Спасовски 1, Мојсоски, Милошевски 3, Печенковски 4, Дрпљанин, Мајиќ 1.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 16 мин.

ВАРДАР ЈУНИОР: Анѓеловски 1, Гогов, Јанковски 2, Гашовски 1, Јакимовски 1, Димевски 1, Чакалиќ, Андоноски 1, Анѓеловски, Стојановски, В. Крстевски 2, С. Крстевски 4, Трајковски, Атанасовски 3, Ќосевски, Дука 4.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 6 мин.