Брестовац на четири натпревари ќе го бара тимот за ЕП

Машката сениорска репрезентација на Македонија на 20 декември ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство. Данило Брестовац ќе има на располагање 19 ракометари за пријателските средби против Кувајт, Холандија, како и против Романија или Алжир.

Тој овие натпревари ќе ги искористи да провери што повеќе млади ракометари за да има прецизна слика за формирањето на составот со играчи што ќе ги бранат боите на Македонија на континенталниот собир во Австрија.

По Нова Година, од 2 до 8 јануари националниот тим ќе биде во Словенија со оние репрезентативци кои добија слободни денови до 1 јануари, а ќе бидат во конкуренција за ЕП. Во Словенија ќе бидат одиграни уште два контролни меча, против Словенија и Црна Гора, а овие натпревари би требало да ги одиграат ракометарите што ќе бидат на конечниот список за ЕП.

Распоред на натпревари:

25 декември 2019, 19:00 часот Македонија – Кувајт, пријателски натпревар
26 декември 2019, 19:00 часот Македонија – Кувајт, пријателски натпревар
28 декември 2019, 16:00 часот Македонија – Алжир, пријателски натпревар
29 декември 2019, 16/18:00 часот Македонија – Романија/Холандија, пријателски натпревар
3 јануари 2020, 00:00, Македонија – Словенија, пријателски натпревар
5 јануари 2020, 00:00, Македонија – Црна Гора, пријателски натпревар
10 јануари 2020, 20:30, Македонија – Украина,  ЕП
12 јануари 2020, 16:00, Македонија – Чешка, ЕП
14 јануари 2020, 18:15, Македонија – Австрија, ЕП

Собирот на националниот тим е закажан за 20 декември со почеток во 13:00 часот.