Борец му парираше едно полувреме на непобедливиот Тиквеш

Тимот на Тиквеш ја оствари и својата 11-та победа во 11. коло од групата 2 во Првата лига. Најголемиот кандидат за пласман во Суперлигата, победи во Велес кај Борец со 27-41.

Домаќините во првиот дел се покажаа како одличен ривал, а на моменти дури и водеа против кавадарчани. На пауза беше 16-17.

Во вториот дел велешани паднаа на физички план, а поширокиот ростер на гостите им овозможи повеќе ротации и на крајот лесно го затворија мечот со конечни 14 погодоци разлика.

Најдобар стрелец кај гостите беше Јане Јанчев со 11 голови, додека Орданчо Лазов даде седум. Кај домашните се истакна Лазар Стојанов со 14 погодоци.