Астраион убедлив против Текстилец

Струмички Астраион по принудната пауза во Првата лига, се врати на терените со победа над штипски Текстилец со 31-21.

По 6-4 на стартот, струмичани со серија од пет голови поведоа со 11-4 и ја направија клучната предност. На пауза беше 15-9.

Во второто полувреме, гостите немаа сили да се вратат во мечот и на крајот изгубија со десет погодоци разлика.

Најдобри стрелци во домашниот тим беа Караиванов со седум голови, како и Наков и Ончев со по четири погодоци, додека кај Текстилец се истакна Васе Петров со осум голови.