Алушовски: На маката се познаваат јунаците…

Во Битола денеска гостува екипата на Савехоф и ова ќе биде обид на Еурофарм Работник да го поправи впечатокот од овој викенд со настапите во Европа на македонските тимови. Македонскиот тим нема шанси за прогрес во елиминациската фаза пред осминафиналето на Лигата на шампионите, но и покрај тоа има големи мотиви за победа.

„Савехоф ни е еден од должниците во Лигата на шампионите. Да бевме комплетни ќе бевме големи фаворити, но ние подолг период мака мачиме со повредени ракометари. Не можеме да реализираме добар тренажен процес и подготовка за дуелите. Имаме негативна серија, но подготвени сме за Савехоф. Добро е анализиран ривалот, верувам дека дел од повредените ракометари ќе ни помогнат да ја оствариме втората победа во Лигата на шампионите. Савехоф е незгоден противник, доаѓа од ракометна земја, млада екипа што сака многу да трча. На маката се познаваат јунаците и верувам во втора победа во ЛШ“, изјави Алушовски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Савехоф се игра денеска во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 17:00 часот.