Tри екипи од Македонија добија покана за настап во Женската регионална лига

Екипите кои минатата година одиграа пет турнири во Регионалната лига во женска конкуренција годинава би можеле да добијат друштво во уште неколку клубови на кои се смета за игра во ова натпреварување.

Покана добија вкупно 13 екипи од пет различни федерации кои доаѓаат од државите од некогашна Југославија. Македонија доби можност за три клуба и тоа Вардар, Металург и Пелистер односно клубовите кои завршија на овие три позиции во минатата сезона во домашното натпреварување.

Тука се и учесниците во натпреварувањето во последните години Будуќност, Крим и Подравка, но и неколку други екипи кои би можеле да играат доколку одлучат да се пријават.

Засега се знае дека е формирано во 2008 година и дека има дозвола од ЕХФ. Календарот на натпреварување ќе биде усогласен со ЕХФ-календарот и ќе има шест термини во кои ќе може да се одмеруваат силите. Со оглед на тоа што прво се чекаат пријави, а дури потоа ќе биде биде јасно како ќе оди финансирањето и што ќе биде потребно за да се игра во лигата во моментов е познато само дека во зависност од бројот на тимови учесници ќе зависи и лигата во која ќе се игра.

Ако има од четири до седум екипи тогаш ќе се игра во една група. Доколку има осум екипи тогаш Лигата ќе биде во две групи од по четири клуба. Сепак, прво ќе треба да има пријави од тимовите, а потоа ќе има и детали околу целата сезона која би требало да стартува во септември и да трае до мај следната година.

Инаку, покана за учество во лигата покрај до трите екипи од Македонија има и до: Крим Меркатор, Загорје, Цељске Меснине, Подравка, Локомотива, Јагодина, Бекамент Буковичка бања, Наиса, Будуќност и Левалеа.