Moќно видео од СЕХА: Gracias „Ел Команданте“ (ВИДЕО)

Со завршувањето на обврските кон репрезентацијата, Раул Гонзалес се врати во Шпанија каде ќе има време за одмор пред почетокот на новите подготовки, но овој пат со тимот на ПСЖ. Тој ќе се врати во Македонија за репрезентативните обврски, но повеќе нема да биде дел од Вардар.

300x250

Раул освои три титули со Вардар во СЕХА и е најтрофејниот тренер во ова натпреварување. Затоа од СЕХА направија видео во кое може да се видат голем дел на негови реакции на теренот.

За Раул важеше дека е тренер кој ретко покажува емоции, но имаше многу такви моменти, па погледнете и потсетете се.