Moнпеље си најде замена за Жерар, кој заминува во ПСЖ

Екипата која што сезонава е лидер во првенството на Франција и игра одлично во Лигата на шампионите, Монпеље си најде голман кој ќе биде замена за Жерар, за кого веќе е јасно дека се сели во редовите на ПСЖ.

300x250

Нов голман на Монпеље е Кевин Бонефо, кој доаѓа од составот на Сесон-Рен. Зад себе сезонава има импресивни бројки кои велат дека има 33 проценти на успешност на одбранети удари.

Бонефо е роден во 1991 година, а се работи за корпулентен голман кој има 193 сантиметри и 112 килограми. Со оглед на тоа што има одлична сезона доби и можност за трансфер во поголем клуб, но за Монпеље се очекува да дебитира во 2019 година кога би требало да биде прв избор за голот со оглед на тоа што во првата сезона од договорот би требало да биде позајмен во друг тим од Франција.