Mитова го продолжи договорот со Сондерјиске

Македонската интернационалка во Данска-Сара Митова го продолжи договорот со екипата на Сондерјиске од Данска на уште една година.

300x250

Левото крило од Македонија минатата година пристигна во Данска и одлично се снајде во скандинавското првенство, што беше причина за продолжување за соработката за уште една сезона.

„Сара е многу квалитетна и технички доста силна ракометарка. Со оглед на тоа дека минатата сезона беше нејзин прв интернационален предизвик требаше време успешно да се приспособи на предизвикот. Јас со нетрпение очекувам да видам како ќе се развива и во следната сезона“, изјави Оливера Кечман, тренер на Сондерјиске.

Митова во Данска пристигна од екипата на Вардар, а во екипата на Сондерјиске одигра 22 натпревари во кои успеа да постигне 35 гола.