Mакедонците ја добија „војната“ со ЕХФ на социјалните медиуми

По неделниот пораз на ЖРК Вардар во финалето на Лигата на шампионите не стивнуваат реакциите од македонската јавност. Ѓер со 31-30 дури по продолженијата успеа да дојде до вториот трофеј од Фајнл Фор турнирите во елитното натпреварување. Она што остави силен печат на финалниот натпревар беа службените лица кои го украдоа шоуто во спортскиот центар „Ласло Пап“.

Веднаш по натпреварот најозборувана ракометна тема не беше играта на едниот или другиот тим туку данските судии и една контраверзна реакција на делегатот на натпреварот. Дека имаше подлога за гнев имаше, а македонските фанови своите размислувања нецензорирано ги објавуваа на социјалните медиуми и ги бомбардираа статусите на ЕХФ на најголемите социјални мрежи.

Од навреди, потрага по правдата до навистина досетливи коментари го преплавија интернет просторот на ЕХФ веднаш по завршување на финалето, а одговорните задолжени за социјалните медиуми изненадени од големиот број коментари во обид да ги отстранат сите несоодветни и навредливи коментари на шега во прес-центарот во „Ласло Пап“ на претставниците на македонските медиуми им признаа дека Македонците овојпат ги победиле на социјалните медиуми…

Дел од коментарите можете да прочитате во продолжение.