Aстраион веќе има плеј-оф ритам

Составот на Астраион од Струмица одработе одлично второ полувреме на гостувањето во Скопје кај Македонија Ѓорче Петров и успеа да стигне до три бода после победата од 29:24.

Македонија Ѓорче Петров и Астраион одиграа израмнето прво полувреме. Во истото и двете екипи имаа свои моменти, но не успеаја да се одвојат доволно за да можат мирно да дојдат до крајот од средбата. Главно гостите беа во позитива, но и во таква игра домашните наоѓаа начин како да дојдат до враќање во ритам и до израмнување, па успеаја на одмор да заминат со 13:13.

Во вториот дел од средбата работите беа сосема поинакви. Македонија Ѓорче Петров не можеше да го следи ритамот на струмичани, па тоа резултираше со предност која во финишот од средбата им овозможи на ракометарите на Атраион да имаат сигурна предност за на крајот да се изборат и за победа од 29:24.

МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АСТРАИОН     24:29 (13:13)

Сала: „Кочо Рацин“ во Скопје. Гледачи: 150. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Огњановски, Трајчевски, Митревски, Стефановски 3, Ѓорѓевски 3, Костов, Добревски, Марковски, Митовски, Митревски 8, Трпевски, Димовски 1, Ѓорѓиевски, Спирковски 6, Апостоловски 3, Трпевски.

Седмерци: 3/9, Исклучувања: 10 мин.

АСТРАИОН: Димовски, Перовановиќ, Гоџиров, В. Караиванов, М. Караиванов 4, Наков 11, Котевски, Велков 2, Кавазов 6, Катранџиев, Спасов, Касапов 2, Кочев 2, Ефтимов, Ончев 2.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 12 мин.