Сорендо го постигна првиот гол на мундијалот во Франција (ВИДЕО)

Со пригодна програма и еден дуел од групата А меѓу домаќинот Франција и Бразил започна Светското првенство во ракомет. Франција пред околу 15000 навивачи во Арената на Акор Хотелите уверливо и во свој стил го започнаа походот кон одбрана на насловот.

Ерупција во гледалиштето го означи првиот гол на 25-иот светски ракометен шампионат, а стрелец беше Сидрик Сорендо од линијата за 6 метри. Во продолжение можете да го погледнете моментот кога Сорендо ја отвори листата стрелци на СП во Франција …