Ракометното шоу во Франција може да почне! (ФОТО+ВИДЕО)

Следните 18 денови вниманието на ракометниот свет ќе биде вперен кон Франција каде се одржува 25. Светско првенство. Актуелните светски прваци и домаќини на ова СП се главните фаворити за освојување на златото. Потрошија 30 милиони евра за организација на Мундијалот, што ќе се одржува во осум градови. Досега веќе имаат продадено половина милион билети за натпреварите, и очекуваат да бидат најпосетеното ракометно првенство.

Со натпреварот меѓу Франција и Бразил во салата „АкорХотелс“ во Париз вечерва и официјално беше отворено СП.

Меѓу 24-те репрезентации на овој Мундијал е и Македонија која по петти пат ќе игра со најдобрите светски светски ракометни тимови. Покрај репрезентацијата, на ова СП наши претставници се и судиите Ѓокица Начевски и Славе Николов.