Мора на операција: Крај на сезоната за Андреа Белеска!

Ракометарката на Валчеа и македонска репрезентативка Андреа Белеска нема да игра до крајот на оваа сезона. Таа има повреда на рамото и се обиде со терапии во Скопје да го санира проблемот, но откако не успеа, неизбежна ќе биде операција, па нема да може да му помогне на нејзиниот тим во битките во романскиот шампионат.

„Проблемот со рамото датира уште од летниот подготвителен период, иако докторите многу подоцна го открија тоа. Во меѓувреме одев на третмани, тренирав и играв со апчиња против болки. Но повредата е таква што мора да се реши со операција, и пауза што ме чека сигурно ќе биде четири-пет месеци. Се надевам дека се ќе биде добро, и потоа ќе работам најдобро што знам за да се вратам на терените што побрзо.“ – изјави Белеска за романските медиуми.

На позицијата десен бек во Валчеа ќе игра искусна Патриција Визитиу, па во романскиот тим нема многу да се чувствува отсуството на Белеска.

Фото: prosport.ro