Лино реши: Без Митревски, Пешевски и Арнаудовски против Тунис

На првиот дуел со Тунис, на СП, селекторот Лино Червар на трибините ќе ги прати голманот Никола Митрески, пикерот Жарко Пешевски и левиот бек Ристо Арнаудовски. Тие отпаднаа од списокот и ќе чекаат некоја шанса за време на СП во Франција на некој друг натпревар.

Во Мец отпатуваа 19 ракометари, а според пропозициите само 16 можат да бидат пријавени. Но, во текот на турнирот може да се направат вкупно три замени на играчи.

Голманската двојка на првиот меч ќе ја сочинуваат Кирил Колев и Благојче Трајковски. На пивотменската позиција се Никола Марковски и Стојанче Стоилов, а на позицијата лев бек остануваат Филип Лазаров, Филип Талевски, Марко Неловски и Стефан Дрогришки.

Вечерва е техничкиот состанок на сите екипи од групата кога ќе треба да ги пријават своите екипи за првиот меч од групата.
Утре од 17,45 Македонија игра со Тунис.