Проблеми за „рибарите“: Палмарсон нема да игра на СП!

Последниот противник на Македонија во групната фаза на Мундијалот во Франција, репрезентацијата на Исланд, ќе биде драстично ослабена. Најдобриот исландски ракометар Арон Палмарсон, зад кого е лоша полусезона во Веспрем, нема да игра на Светското Првенство, објавија од исландската федерација.

„Во консултација со лекарскиот тим на нашата репрезентација, одлучено е Палмарсон да не игра на Мундијалот и ќе се врати во Исланд за да продолжи со рехабилитацијата.“ – се вели во соопштението.

Со отсуството на Палмарсон, само се зголемуваат проблемите за Исланд, кој претходно остана без услугите на Гунарсон, Петересон и Гудјонсен, кои се откажаа од националниот дрес, а повреди имаат и Атласон и Халгримсон. Исланд и Македонија ќе се сретнат во последниот меч од групната фаза на СП, на 19 јануари.