Тунис и Исланд со повеќе навивачи на трибините од Македонија? (Фото)

На официјалната прес конференција пред почетокот на СП во Франција, домаќините потврдија дека веќе 67 отсто од понудените билети се купени. Повеќе од 430.000 навивачи веќе обезбедиле билет за натпревар, а од оваа бројка 10 отсто се навивачи од странство.

Бројките што ги презентираше организаторот се од 6 јануари, и до почетокот на СП сигурнои дека уште доста билети ќе бидат продаден. За првиот меч меѓу Франција и Бразил веќе нема билети во продажба и тој меч е распродаден.

Засега најголема подршка се очекува да има репрезентацијата на Германија каде се продадени 6.000 билети за нивните натпревари. По 450 билети има продадени на Норвешки навивачи, а по 200 на навивачи од Тунис и Исланд.

За очекување е бројката на навивачи на натпреварите на Македонија да биде барем неколку стотини, со оглед на тоа што дел од конвојот навивачи е веќе пристигнат, а дел патува за Франција. Плус треба да има подршка и од наши навивачи во Франција и Германија кои најавле доаѓање на натпреварот.