Кирил Колев – Дебитант со повеќе интернационални настапи од многу репрезентативци

Со 38 години е највозрасниот ракометар во нашиот тим, а според бројот на настапи на големите натпреварувања е дебитант. Кирил Колев во својата кариера има одиграно повеќе меѓународни натпревари, и бил дел од многу клубови и надвор од Македонија, и повеќе отколку што некои од сегашните репрезентативци имаат сега настапи за своите клубови.

Настапот во Франција е прво појавување за Колев на еден ваков настап. За многумина можеби беше изненадување повикувањето на Колев во националниот тим, но неговите одбрани лани во Охрид и сега во Пелистер брзо беше забележан од страна на репрезентативнот стручен штаб. Во својата кариера Колев има настапувано за Металург, Вардар, ВВ Тиквеш, Зомимак М, но и настапувано во Косово и Полска.

„Па реално сфатив дека сум на СП кога селекторот го направи последниот реаз во Скопје. Чувството не се опишува, и покрај тоа што имам многу меѓународни натпревари зад себе. Сепак настап на СП е нешто сосема друго. Реално сум дебитант, но имам одиграно многу меѓународни натпревари, вели Колев.

Нема еуфорија ниту пак некој притисок. Искуството го прави своето, па само со работа може да се постигне нешто. Репрезентацијата веќе тренираа во Мец, а денеска го имаа и запознавањето со салата во кога ќе се играат натпреварите.

„Засега се чувствувам доста смирено. Еуфоријата е добра ако е контролирана. Во спротивно може само да штети. Првпат сум на СП или некое големо натпреварување. Досега имав неколку собири со репрезентацијата, но повеќето беа настапи на некои турнири. За мене ова е големо доживување настапот на СП, но и голема обврска да продолжиме со добрите резултати на СП, смета Колев.

Македонија првите два натпревари на Сп ги игра против Тунис, утре и потоа во второто коло со Ангола. Тоа се двата можеби најважни натпревари.

„Тренираме напорно, се спремаме за Тунис. Акцентот е ставен на тој натпревар. Мислам дека имаме добар напредок. Ќе се потрудиме да покажеме еден друг ракомет, побрз и помодерен. Би рекол дека одбраната е подобра, бидејќи секогаш се добива натпреварот од онаа екипа што ќе игра подобро во одбрана. Затоа и ни епосветуваме големо внимание на одбраната, вели Колев.

Покрај Колев како голмани во Франција отпатуваа уште и Никола Митревски и Благојче Трајковски. Во првите 16 што ќе играат против Тунис, ќе има два голмани, а кои ќе бидат ќе се реши пред техничкиот состанок што е вечерва.