Лазаров е ЕХФ играч на месецот

Капитенот на машката сениорска репрезентација и играч на Барселона, Кирил Лазаров го доби признанието играч на месецов од страна на ЕХФ.  Мажите во декември имаа малку меѓународни настапи, само натпреварите во лигата на шампионите.

Ова е прва ваква награда за Лазаров од страна на ЕХФ. Во гласањето е повеќе дописници на ЕХФ од различни земји кои најмногу гласови му дадоа на нашиот капитен.

Во декември Барселона имаше тежок меч во ЛШ и го победи ПСЖ, а истовремено го освои и Асобал Купот во Шпанија.

Во конкуренција за ова признание, за декември беа уште и:
Филип Илиќ (Кјелце)
Јонас калман (ПИК Сегед)
Јулен Агинагалде (Кјелце)
Алекс Душебаев (Вардар)
Во женска конкуренција наградата играч на месецот ја доби Холанѓанката Нике Грот. Со репрезентацијата на Холандија средниот бек стигна до сребрениот медал на последното ЕП во Шведска,

Другите кандидати за наградат за декември беа:
Нора Мерк (Ѓер)
Тес Вестер (Бетингхајм)
Клара Волтеринг (Борусија)
Кристина Неагу (Будуќност)