Македонија ја почувствува и салата во Мец (Фото + Видео)

Иако имаа еден тренинг во Мец, главното запознавање со салата во која ќе ги играат натпреварите од групата на СП го имаат денеска.

Избраниците на Лино Червар се сместени во елитниот хотел на познатиот ланец хотели Голден Тулип, далеку од очите на јавноста, на 20 километри од Мец.
Денешниот тренинг е единствен за нас пред утрешниот натпревар против Тунис (17,45) во рамките од првото коло.

Сите 19 ракометари ги одработуваат тренинзите и се надеваат дека попладнево ќе добијат позитивен одговор од селекторот и ќе бидат на листата од 16 ракометари што ќе играат на првиот меч. Според пропозициите во текот на СП можеме да смениме максимално тројца ракометари.