„Петка“ за Елена Георгијевска, Фехервар поразен од Ѓер

Тимот на Алба Фехервар, каде настапува македонската интернационалка Елена Георгијевска, загуби на гостувањето кај актуелниот првак Ѓер, со убедливи 36:22, во рамките на натпреварот од 11 коло во унгарскиот шампионат.

Георгијевска беше прв стрелец во нејзиниот тим со постигнати 5 голови заедно со Јапонката Мајуко, но сето тоа беше недоволно да му се спротистават на силниот Ѓер. Нора Морк со 8 голови, како и Брох и Грот кои дадоа по 5, беа предводнички на домашниот тим кон убедливата победа.

Фото: Gyula Horvat