Бабиќ го одреди составот за Мундијалот, Циндриќ во избраните 17 „каубои“

Хрватскиот селектор Жељко Бабиќ го објави списокот на ракометарите на кои ќе смета во Франција. Иако со мали повреди, на Мундијалот ќе настапат и Дувњак, Степанчиќ, Мамиќ и Мандалиниќ. На списокот се наоѓа и ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ, кој имаше одлични настапи на пријателските натпревари против Тунис и Црна Гора.

Бабиќ ќе носи 17 ракометари, а за натпреварите најверојатно еден од голманите Пешиќ, Ивиќ и Стевановиќ ќе го остави на трибините. Хрватска е во Групата Ц, заедно со европскиот првак Германија, потоа Унгарија, Белорусија, Чиле и Саудиска Арабија.