Данубиус на Јовановска и Ливриниќ загуби од Униреа

Составот на Данубиус Галаци каде што настапуваат двете македонски интернационалки Дајана Јовановска и Елена Ливриниќ загуби на гостувањето кај Униреа со 25:21, во рамките на 12 коло од романскиот шампионат.

Ливриниќ беше втор стрелец со 4 голови, додека Јовановска постигна 3, а имаше и едно исклучување. Дунареа Браила, каде што брани Наташа Антиќ исто така доживеа пораз, од Валчеа со 25:19.