Повредени, уморни, неизвесни – Кого се нема да гледаме во Франција?

Светските првенства се места каде гледаме актуелни ѕвезди, а некои токму на тие настапи се вивнуваат во височините. Мундијалите им овозможуваат на многумина да ги покажат своите квалитети, да бидат на добар пат да станат идните лидери во репрезентацијата и клубовите.

Но, не секогаш најдобрите се појавува на СП. Поради различни причини многу од познатите ракометари, па и најдобри во своите тимови нема да ги видиме ниту во Франција на ова СП што почнува утре.

Најчеста причина за отсуство е повреда, но понекогаш неизвесни се и поради други причини. Некои можеби во последен момент ќе „оздрават“, други ќе бидат вклучени после првиот круг. Секако дел од играчите играат и со повреди.

Еве кои играчи сега нема да играат на СП во Франција или се уште се неизвесни, или имаат проблеми со повредите. Некои ќе стиснат заби и ќе играат, некои ќе патуваат и ќе имаат терапии, па ќе се обидат да одиграат кога ќе биде најпотребно.

Катар
Жарко Марковиќ (десен бек) – непозната причина
Елдар Мемишевиќ (десно крило) – непозната причина
Борха Видал Фернандез (пивот) – непозната причина

Данска
Расмус Лауге – лев бек/центар (менискус на колено)

Франција
Кевин Њокас – десен бек (колено)
Матје Гребиј – универзалец (менискус, колено)
Тимотеј Н`Гесан – лев бек (лакт – неизвесен)

Хрватска
Марко Копљар – десен бек (колено)
Марино Мариќ – пивотмен (скршеница)
Иван Слишковиќ – лев бек )монокуклеоза)

Германија
Фабијан Виде – десен бек (рамо)
Кристијан Дисингер – лев бек (повреден)
Хендрик Пекелер – пивотмен (премор)
Штефан Вајнхолд – десен бек (десна нога)
Уве Генсхајмер – лево крило (лични проблеми – неизвесен)

Тунис
Абделак Бен Салах – центар (1 година забрана за меѓународни настапи)
Ајмед Хамед – десен бек (рамо и рака)
Анис Махмуди – лево крило (менискус)
Маруан Магаиз – голман (скинат мускул)

Бразил
Артур Патринова – лев бек (предни лигаменти на колено)
Андре Соарес – лево крило (повреда на грбот)
Фелипе Боргес – лево крило (рамо)

Норвешка
Харалд Рајнкинд – десен бек (мускул на стомакот)

Шведска
Јонас Калман – лево крило (откажа, чека дете)
Виктор Остлунд – лев бек (премор)
Јохан Јакобсон – десен бек (потрес, неизвесен)

Полска
Михал Шиба – десен бек (ахилова пета)
Михал Јурецки – лев бек (скршенива на рака)
Павел Пачковски – десен бек (повреда на лакт, неизвесен)
Камил Сипжак – пивотмен (колено)
Пјотр Вишомирски – голман (менискус)
Мариус Јуркевич – лев бек (рамо)

Беларусија
Димитри Никуленко – среден (колено, лигаменти)

Словенија
Сташ Скубе – центар (приватни причини)
Симон Разгор – лево крило (болест)
Дејан Бомбач – среден – повредени ребра)
Урош Зорман – среден (премор, не беше повикан)
Горазд Шкоф – голман (премор, не беше повикан)

Исланд
Арон Палмарсон – среден (колк, неизвесен)

Шпанија
Раул Ентрериос – среден (премор, прпеони, неизвесен)

Египет
Али Заин – лев бек (повреда на нога, можеби ќе игра после првата фаза)

Чиле
Марко Онето – пивотмен (непозната повреда)