Македонија пристигна во Мец и почна да тренира (ФОТО)

По повеќе од 15 часа минати во авион и автобус, македонската репрезентација пристигна во Мец и веќе се смести во францускиот град. Избраниците на Червар во овие моменти го имаат вечерниот тренинг што се одржува во помошната сала, а утре ќе имаат шанса да одржат тренинг во салата каде што ќе се одигра првиот дуел со Тунис.

Македонскиот селектор на пат поведе 19 ракометари, а кои 16 ќе го минат последниот филтер ќе биде познато по техничкиот состанок. Нашата репрезентација е во група со Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд, а првиот дуел се игра веќе в четврток против должникот од олимписките квалификации Тунис, со почеток во 17:45 часот.