Ангола не е аутсајдер на СП: Ова е мечот за бронза од последното Афрканско првенство

По 10 години на сениорско машко СП повторно ќе игра репрезентацијата на Ангола. За многумина е аутсајдер во групата, но со оглед на тоа што го освоија бронзениот медал на ланското првенство на Африка, сигурно дека поседуваат квалитет.

Токму против Ангола нашата репрезентација ќе ја бара шансата за триумф и со бодови од овој меч, и против Тунис за наш пласман во осминафиналето на СП.

Сите пријавени играчи се од Ангола, освен десното крило Едвалдо фереира кој игра во Тунис, и наместо 28 играчи, на провизорниот список тие доставија само 20 имиња.

Тие досега двапати играле на завршниот турнир на Мундијалите, во 2005 и 2007 година.

Ова е снимка на натпреварот за бронзен медал против Алжир што Ангола го доби со 24-19.