Крај на шпекулациите: Најбараниот млад ракометар потпиша за Киелце!

Како што официјално соопшти актуелниот европски шампион, младиот словенечки ракометар Блаж Јанц од наредната година ќе настапува за Виве Таурон Киелце.

20-годишното десно крило, кое одлично се снаоѓа и на позицијата десен бек се обврза на три годишен договор со полскиот клуб.

Навистина сум среќен што успеавме да донесеме така голем ракометар. Сакам да се заблагодарам на Блаж за неговата одлука, да дојде во нашиот клуб. Ова само значи дека ќе имаме одличен ракометар, но исто така и човек со добар карактер, карактер кој одговара на нашиот тим. Сигурен сум дека Блаж добро ќе се вклопи во нашиот тим. Благодарност до Целје Пивоварна Лашко за согласноста која ја даде. Преговорите не беа лесни на почетокот, но на крајот двата клуба дојдоа до заедничка одлука. -истакна претседателот на клубот Бертус Сервас.

Словечекиот репрезентативец Блаж Јанц е роден на 20 ноеври 1996. Својата кариера ја започнал во Целје од каде ќе се пресели во редовите на полскиот шампион. Јанц ќе настапи за Словенија на претстојното Светско првенство во Франција, а во рамките на групата Б ќе се соочи и со репрезентацијата на Македонија.