Запознајте ги најважните на СП – судиите

На секој натпревар покрај два ривала на терен треба да има и официјални лица што ќе ја делат правдата. Тие на моменти се главни на теренот, некогаш и премноги, а често и сите протести се насочени токму кон нив.

Но, и без нив нема да може да се одигра натпреварот, бидејќи нивниот збор решава многу спорни ситуации.

На ова СП, од страна на ИХф се номинирани 16 судиски двојки. Меѓу нив се и нашите Ѓокица Начевски и Славен Николов.

Запознајте ги сите судии што ќе ја делат правдата на ова СП.