Катар ја има голманската атракција на СП

Покрај Даниел Шариќ и Горан Стојановиќ, меѓу тројцата голмани што ќе бидат во конкуренција за настап за репрезентацијата на Катар на ова СП има уште едно име. Малку познато на хартија, но со неговата појава сигурно ќе предизвика внимание кај медумите.

Можеби не според своите бравурозни паради, ниту пак според бројните одбрани, туку според нетипичниот спортски изглед. Селекторот на Катар, Валеро Ривера меѓу оние што ги имаше на располагање на подготовките беше и голманот Јусуф Абдулах Ал Бадр од домашниот тим на Ал Гарафа.

Тој следниот месец ќе наполни 32 години, и има 113 килограми и висина од 183 см. Иако нема атлетско тело, тој според перформансите е еден од најдобрите голмани во првенството на Катар, па затоа и стигна поканата од Ривера.

Настапи и на последниот контролен натпревар на Катар против Шпанија, во Ирун кога домаќините победија со 32-27.