Вардар со десет ракометари ги почна подготовките

Поради репрезентативни обврски на дел од ракометарите, Вардар ги почна подготовките за пролетнот дел од сезоната со десет ракометари. Толкму има во Скопје, иако на првиот собир го немаше Страхиња Милиќ поради повреда на рамото.
Дополнително со екипата е повикан Даниел Ѓорѓески, како трет голман, а во следниот период уште неколкумина млади ракометари ќе бидат на подготовки со тимот.

Од Вардар на СП во Франција ќе настапат Стојанче Стоилов, Мартин Поповски, Тимур Дибиров, Даниел Шишкарев, Александар Деревен, Лука Циндриќ, Рожерио Мораеш, Жоан Кањељас и Алекс Душебаев кои ќе настапуваат за пет различни репрезентации.

Првиот натпревар Вардар треба да го одигра на 2 февруари во Скопје против Нексе во рамките од СЕХА лигата, а на 5 февруари гостува кај Горење. Тие два натпревари ќе бидат последна контрола пред продолжувањето на мечевите од Лигата на шампионите. На 11 февруари Вардар е домаќин на ППД Загреб.