Орјоникидѕе и Чантурија одлични, но Грузија без победа ги заврши претквалификациите за ЕП 2020

Двајцата грузиски репрезентативци, левиот бек Теимураз Орјонкидѕе и десното крило Реваз Чантурија, кои настапуваат за Прилеп односно Пелистер, имаа одлични настапи за нивната репрезентација во рамките на претквалификациите за Европското Првенство во 2020 година.

Грузија беше во група со Италија и Луксембург, во забележа четири порази и веќе е елиминирана во трката по единственото место во квалификациите, за кое ќе одлучат другите две селекции. Во двомечот со Луксембург, Грузија прво на домашен терен загуби со 24:31. На овој дуел Орјоникидѕе постигна 6 голови и беше втор стрелец, додека Чантурија даде 2. Во другиот натпревар на гостински терен Грузија загуби со 35:29, а Чантурија беше прв стрелец со 7 голови, додека Орјоникидѕе даде 5.

За левиот бек Орјоникидѕе, кој одигра одлична полусезона во Прилеп, заинтересираност покажа Пелистер, а битолчани ќе се обидат уште зимава да го донесат во своите редови, иако Грузиецот има договор со прилепскиот тим до крајот на сезоната.