Вардарецот Рожерио и Бразил се подготвени за битките на Мундијалот

Пикерот на Вардар, Рожерио Мораес Фереира, со бразилската репрезентација беше дел од традиционалниот „Жолт Куп“ во Швајцарија, каде некои од селекциите се подготвуваа за СП, а другите за претстојните квалификации.

Во конкуренција на Швајцарија, Романија и Словачка, Бразил го освои второто место. Најпрво, ја победи Романија предводена од Чави Пасквал со 25:24, а потоа славеше над Словачка со 30:20, дуел на кој Рожерио беше втор стрелец со 3 голови. Во последното коло, „воините“ загубија од домаќинот Швајцарија со 25:24, а на овој меч пикерот на Вардар даде 1 гол.

Бразил на СП ќе игра во групата А, каде се актуелниот светски првак и домаќин Франција, потоа Јапонија, како и Полска, Русија и Норвешка, но со оглед на големиот број на повреди кај Полска, има добри шанси да се пласира во осминафиналето.