Ништо ново: Саздовски прв стрелец, Бенсхајм забележа победа

Како што ја заврши минатата година, така ја започна и новата. Македонската интернационалка Ивана Саздовски беше најдобар стрелец во новата победа на нејзиниот тим Бенсхајм на гостувањето кај Кленхајм со 24:27, во рамките на  13 коло од Втората Бундес Лига.

Саздовски беше стрелец на 8 голови, а Бенсхајм уште ја потврди кандидатурата за пласман ранг погоре, бидејќи во 13 натпревари има 12 победи и сигурен е на првото место на табелата. Следен предизвик за Саздовски и Бенсхајм ќе биде гостувањето кај Вердер Бремен.