ШТО МИ ЈА ОДБЕЛЕЖА 2016 ГОДИНА – Мартин Томовски: Успесите доаѓаат со упорна работа и залагање

Годината што ја испративме, беше исполнета со многу ракомет. Дали клупски, или репрезентативен, возбудувањата не недостасуваа. Еден од голманите кои се иднината на македонскиот ракомет, Мартин Томовски, имаше одлична полусезона со Металург, а на стартот на новата со младинската селекција обезбеди пласман на СП.

Што Ви ја одбележа 2016 година?

-Одличната полусезона со Металург, односно моите настапи на дуелите со Вардар, како и првиот повик за сениорската репрезентација ми ја одбележаа минатата година.

Вашите желби и очекувања од 2017 година?

-Пред се здравje, а успесите ќе си доjдат сами со упорна работа и залагањe.

Порака до читателите на 24ракомет и до оние што го сакаат ракометот…

-Нека им се среќни празниците на сите и заедно да чекориме кон нови успеси.