ШТО МИ ЈА ОДБЕЛЕЖА 2016 ГОДИНА – Наташа Антиќ: Трансферот во Романија е шанса за голем напредок во мојата кариера

Годината што ја испративме, беше исполнета со многу ракомет. Дали клупски, или репрезентативен, возбудувањата не недостасуваа. Голманката Наташа Антиќ сезонава за првпат сатан интернационалка и се пресели во еден од посилните женски ракометни шампионати во Европа романскиот, во тимот на Дунареа Браила.

Што Ви ја одбележа 2016 година?

-2016 донесе многу нови искуства за мене. Го имав својот прв интернационален трансфер во амбициозен клуб со високи очекувања во романскиот шампионат во кој гледам голема шанса за напредок во мојата кариера. Чекор напрд направивме и со националниот тим со пласманот во баражот за СП во Германија.

Вашите желби и очекувања од 2017 година?

-Се надевам ќе биде поуспешна од претходната и полна со нови предизвици.

Порака до читателите на 24ракомет и до оние што го сакаат ракометот…

-На сите читатели на 24 ракомет би сакала да им ги честитам празниците и да им посакам среќа и усех во новата година. Да продолжат да веруваат во нас, бидејќи ни претстои многу важен дуел против Шведска и нивната поддршка многу ни значи.