ШТО МИ ЈА ОДБЕЛЕЖА 2016 ГОДИНА – Јован Талевски: Направив добар потег со трансферот во Турција

Годината што ја испративме, беше исполнета со многу ракомет. Дали клупски, или репрезентативен, возбудувањата не недостасуваа. Средниот бек Јован Талевски, сезонава за првпат стана интернационалец и замина во Турција, каде има одлични настапи.

Што Ви ја одбележа 2016 година?

-2016 за мене беше успешна бидејќи трансферот во Турција, допринесе да созреам во покомплетен играч и сметам дека направив добар потег за во иднина да атакувам на поголеми успеси.

Вашите желби и очекувања од 2017 година?

-Во 2017 година пред се посакувам здравје и се надевам дека ќе продолжам со моите добри партии, па да се преселам во усте поголем клуб и кариерата да ми оди во нагорна линија.

Порака до читателите на 24ракомет и до оние што го сакаат ракометот…

-На сите читатели им посакувам среќни празници и да продолжат да го следат најдобриот сајт во Македонија.