ШТО МИ ЈА ОДБЕЛЕЖА 2016 ГОДИНА – Викторија Пеовска: Одличните настапи со Куманово да продолжат и понатаму

Годината што ја испративме, беше исполнета со многу ракомет. Дали клупски, или репрезентативен, возбудувањата не недостасуваа. Младата Викторија Пеовска имаше одлична полусезона со Куманово во Супер Лигата, каде што е најдобар стрелец, а исто така по подолго време играше и во Челинџ Купот со овој тим.

Што Ви ја одбележа 2016 година?

-Весела, динамична и поучна беше 2016. Она што професионално ми ја одбележа е натпреварувањето во Челинџ Купот и завршувањето на оваа полусезона како најдобар стрелец во нашата лига. На приватен план беше исполнета со навистина убави моменти кои ќе останат запаметени. 

Вашите желби и очекувања од 2017 година?

-Секогаш сум оптимист и се надевам на година исполнета со успеси на секое поле.

Порака до читателите на 24ракомет и до оние што го сакаат ракометот…

-На сите читатели им посакувам среќни празници, да гледаат ракомет, да сакаат ракомет и за најбрзо информирање за случувањата во ракометниот свет да читаат 24ракомет.