ШТО МИ ЈА ОДБЕЛЕЖА 2016 ГОДИНА – Даниел Ѓорѓески: Потписот со Вардар беше најзначајниот момент

Годината што ја испративме, беше исполнета со многу ракомет. Дали клупски, или репрезентативен, возбудувањата не недостасуваа. Голманот на Вардар Јуниор, кој настапува и за првиот тим на Вардар, Даниел Ѓорѓески, имаше неколку одлични настапи во СЕХА Лигата, а доби и деби повик за сениорската репрезентација.

Што Ви ја одбележа 2016 година?

-На професионален план потпишувањето во Вардар и повикот во сениорската репрезентација ми ја одбележаа минатата година. На приватен план се беше како што треба и се надевам така ќе продолжи.

Вашите желби и очекувања од 2017 година?

-Во 2017 гоина очекувам да добивам уште шанси во СЕХА Лигата и да се докажам уште повеќе со добри настапи како во првиот, така и во вториот тим на Вардар.

Порака до читателите на 24ракомет и до оние што го сакаат ракометот…

-На сите читатели на 24ракомет им ги честитам празниците, да бидат здрави, живи, да им се остварат сите желби и да го следат ракометот да бидат во што поголем број на натпреварите, затоа што тие се нашата најголема мотивација.