Георгијевска со седумка го почести Трефилов, но Фехервар загуби во Русија

Македонската репрезентативка Елена Георгијевска одигра одлично за Алба Фехервар, но не можеше да го спречи поразот на нејзиниот тим на гостувањето во Русија, каде тимот на Рита Дели загуби од Кубан предводен до Евгениј Трефилов со 31:26, во рамките на првото коло од групната фаза на Купот на ЕХФ.

Во Фехервар се истакна поранешната српска репрезентативка Билјана Банделие со 8 голови, додека Георгијевска беше втор стрелец со 7, а Бразилката Пиедаде даде 3. Во следното коло Фехервар ќе годтува кај Лајпциг.

Фото: Gyula Horvath