ШТО МИ ЈА ОДБЕЛЕЖА 2016 ГОДИНА – Марија Николиќ: Пласманот во баражот за СП беше јаготка на шлагот

Годината што ја испративме, беше исполнета со многу ракомет. Дали клупски, или репрезентативен, возбудувањата не недостасуваа. Пикерот на Металург, Марија Николиќ, одигра одлично полусезона за нејзиниот тим, кој без пораз ја заврши годината, а со националниот тим успеа да се пласира во баражот за пласман на СП во Германија.

Што Ви ја одбележа 2016 година?

-2016 година беше навистина возбудлива година за мене, исполнета со многу перипетии. Ми се случија многу нешта, но ќе ја паметам по пласманот во баражот за Светското Првенство во Германија, кое дојде како јагода на шлагот на крајот на годината. 

Вашите желби и очекувања од 2017 година?

-За 2017 година пред се си посакувам здравје, да ја продолжиме победничката серија со Металург која трае од почетокот на сезоната. Посакувам да започнам интернационална кариера и секако да ја поминеме Шведска во баражот, па и ние да заиграме на големо нтпреварување.

Порака до читателите на 24ракомет и до оние што го сакаат ракометот…

-На сите љубители на ракометот им посакувам среќни празници и 2017 година да им биде исполнета само со весели моменти.