Радост на терен, делириум на трибини – последната минута од средбата меѓу Македонија и Турција (ВИДЕО)

Ни беше потребна победата од 19 гола, а ние триумфиравме со 20. Беше неизвесно од самиот почеток, но кога на полувреме заминавме со предност од девет гола, вратата кон СП веќе беше подотворена. Со секој постигнат гола во второто полувреме растеше тензијата на трибините, зовриваше атмосферата. Не само што ја надминавме потребната разлика, туку во еден момент имавме и плус 21 гол. И без разлика на сè до последна секунда се боревме како лавови. Погледнете како мина таа последна минута, и какво беше славјето на ракометарите потоа…