Вујовиќ одбра за СП, познат составот на Словенија

Еден од противниците на Македонија во групната фаза на СП во Франција ќе биде селекцијата на Словенија, предводена од некогашниот стратег на Вардар, Веселин Вујовиќ. Откако од поодамна беше познато дека на Мундијалот нема да играат плејмејкерот Урош Зорман, потоа повредениот Деан Бомбач, како и голманот Горазд Шкоф, Вујовиќ го направи и последниот рез, па отпаднаа Јан Гребенц и Давид Разгор. Нов капитен на Словенија ќе биде десниот бек Вид Кавтичник

„Одлуката не беше лесна, но морав да одберам 17 ракометари, иако подготовките ги минаа 19. Според мојот концепт, се решив Гребенц и Разгор да отпаднат, но тие ќе бидат први резерви, доколку некој се повреди.“ – изјави Вујовиќ.

Словенија ќе одигра два пријателски натпревари со домаќинот на СП, Франција, во Тулуз и Монпеље, а претходно беше подобра од Саудиска Арабија со 31:18.

Фото: Slavko Kolar