ШТО МИ ЈА ОДБЕЛЕЖА 2016 ГОДИНА – Благојче Трајкоски: Најзначен момент – повикот во репрезентацијата

Годината што ја испративме, беше исполнета со многу ракомет. Дали клупски, или репрезентативен, возбудувањата не недостасуваа. Голманот на Охрид, Благојче Трајкоси, имаше одлична полусезона со неговиот Охрид, а доби и репрезентативен повик од селекторот Лино Червар.

Што Ви ја одбележа 2016 година?

-2016 беше многу успешна година за мене, како на професионален, така и на приватен план. Тоа што за неколку месеци ќе станам татко и повикот за репрезентацијата беа едни од најзначајните моменти во минатата година.

Вашите желби и очекувања од 2017 година?

-Во 2017 година посакувам што подобро да ја претставиме Македонија на Светското Првенство во Франција и посакувам пред се здравје, бидејќи тоа е најважно за секој спортист и за секој човек. 

Порака до читателите на 24ракомет и до оние што го сакаат ракометот…

-Би сакал на сите да им ги честитам празниците. Бидете позитивни, насмеани, сакајте го ракометот и спортувајте, во здраво тело-здрав дух.